Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди кредит за физички лица кои се во редовен работен однос. Кредитот можете да го користите како долгорочен ненаменски кредит исто така, овој тип на кредит може да го користите за ликвидирање на целата кредитната изложеност на друго лице од вашата фамилија. За подетални информации за хипотекарниот кредит обратете се во најблиската филијала на Халкбанк АД.

Предности

Кредитот кој го нуди ХалкБанк АД е со поволна каматна стапка, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, временскиот рок на отплата до 240 месеци, како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Услови за кредит

  • Износ: до 150.000 ЕУР
  • Максимален рок: до 240 месеци
  • Каматна стапка: 5,75% номинална годишна променлива каматна стапка, годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ 6,03%).
  • Провизија за обработка на кредитот: 1% од износот на кредитот
  • Трошоци за кредитот:  
    • 350,00 МКД  проверка во македонско кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
    • 150,00 МКД апликација за кредит
    • меничен бланкет, нотарска трошоци по нотарска тарифа како и трошоци за проценка согласно тарифникот на банката.
  • Кредитна способност: до 1/2 од вкупните месечни примања со можност на кокредитобарател во зависност од вкупните месечни примања
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот во вредност до 1:1.5 од износот на кредитот, меница и менична изјава, со можност на кокредитобарател.

Често поставувани прашања

Постои ли можност за кокредитобарател кај хипотекарниот кредит?

Има можност да  се вклучи кокредитобарател кој треба да биде  во редовен работен однос во ЈА, АД и финансиски институции како и во добра бонитетна приватна фирма која е прифатлива за Халк Банка АД Скопје.

Доколку немам имот на мое име како би можел да земам хипотекарен кредит?

Почитуван, доколку немате имот на Ваше име може да се остави други имот под хипотека со предходна согласност заверена на нотар од сопственикот на имот.

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.