Со користење на платежните картички на Халкбанк АД Скопје  Вашиот бизнис е многу полесен за управување:

3D Secure безбедност при интернет плаќање

Користете ги картичките на Халкбанк А.Д Скопје при оnline плаќања  и чуствувајте се сигурно !

Секојдневното интернет купување и користење на картичките при online трансакции се зголемува,  земајќи ја во предвид грижата, безбедноста и сигурноста  за нашите клиенти корисници на картички,  со задоволство Ве информираме дека Халкбанк А.Д. Скопје го имплементира   највисокото ниво на технологија  за зголемување на сигурноста  и безбедноста при  интернет купувањата.   

3D Secure протокол  станува достапен само за Visa и Mastercard дебитните и кредитните картички издадени од Халкбанк АД Скопје кои се  обезбедени со меѓународни сертификати ‘’Verified by Visa’’ и ‘’Mastercard  SecureCode‘’ .

Кои се придобивките од 3D Secure протокол ?

Со имплементирање на 3D Secure протокол, Visa и  Mastercard картичките издадени од Халкбанк А.Д Скопје се со највисок меѓународен стандард за интернет заштита. Воведувањето на динамичниот 3D Secure протокол, секој корисник на картичка издадена од Халкбанк А.Д. Скопје може слободно да се опушти во интернет купувањето затоа што му обезбедува највисоко ниво на интернет заштита.

Карактеристики и функционирање на 3D Secure протокол ?

За секое интернет плаќање над  800,00мкд  со имплементирање на 3D Secure систем се утврдува автентичноста и индентитетот на корисникот на картичката. Се врши дополнително верификување на интернет трансакциите и секој корисник  добива  СМС порака со еднократна OTP лозинка (one time password )  на неговиот мобилен телефон во моментот на извршување на трансакцијата.

OTP лозинката е потребна  за  успешно  комплетирање на интернет трансакцијата. Се внесува лозинката и потоа се верификува автентичноста на трансакцијата.

За успешно извршување на Вашите трансакции потребно е да го имате ажурирано  Вашиот мобилен телефон . Истиот може да го ажурирате  во најблиската филијала или да се јавите во Контакт центарот на Халкбанк А.Д Скопје  24/7 на телефонскиот број 02/3296-330

Пример за e-commerce трансакција и како правилно да се внесе OTP лозинката:
*По внес на Вашиот број на картичка за да ја извршите трансакцијата добивате СМС  со нумеричка еднократната OTP лозинка  пр. ( 123456)

*Доколку плаќањето е со Mastercard картичка

Ја внесувате добиената  OTP лозинка  и притиснувате на полето

 

*Доколку плаќањето е со Visa картичка

Кои се предностите за корисниците на дебитните и кредитните картички 

Со 3D Secure протоколот сите корисници на  Visa  и  Mastercard картичките издадени од Халкбанк А.Д Скопје  го имаат највисокото ниво на заштита при интернет плаќања.  Доколку интернет плаќањето се извршува кај трговец  кој е 3D Secure certified , корисниците се  заштитени  од кражба на идентитетот како и  злоупотреба на податоците на картичките (број на картичка, датум на важност и CVV2 кодот) .

Сите трговци кои се  3D Secure  certified секогаш треба да ги имаат следните ознаки  и препорачуваме  сите корисници на дебитните и кредитните картички од Халкбанк АД Скопје да ги преферираат  интернет продавниците со овие ознаки  при интернет плаќање.

 

Користењето   на 3D Secure протокол е бесплатно за сите корисници на дебитни и кредитни картички издадени од Халкбанк А.Д Скопје и на безбеден начин може да извршуваат интернет плаќање насекаде во светот.

Безбедносни информации за картички

  • Потпишете ја Вашата картичка во делот за потпис веднаш по подигањето.
  • Внимателно проверувајте ги месечните фактури за Вашите кредитни картички дури и ако не сте ја користеле картичката некој месец. Во случај кога има сомнеж дека некоја трансакција не е направена од Ваша страна, веднаш известете нé или посетете некоја наша филијала за да се провери валидноста на трансакцијата.
  • Ве молиме благовремено известувајте ја Банката за Вашите лични промени( презиме, адреса, телефонски контакт и сл).
  • Внимателно следете ги процесите при плаќање со Вашата картичка и инсистирајте картичката веднаш да ви биде врачена по завршувањето на трансакцијата.
  • Чувајте копија од потврдата за реализираната трансакција.
  • Не го откривајте бројот на Вашата картичка преку телефон освен доколку не разговарате со некое авторизирано лице од Банката.
  • Не го откривајте Вашиот ПИН код и чувајте го одделно од вашата картичка.
  • Пред употреба на картичката на банкомат, осигурајте се дека нема никој позади вас.
  • Следете ги инструкцииите прикажани на екранот на банкоматот. 
  • Не прифаќајте помош од други лица додека ја користите картичката на банкомат. 
  • Доколку не сте сигурни за валидноста на некој од банкоматите, веднаш напуштете ја локацијата.
  • Во случај вашата картичка да биде украдена или изгубена, веднаш обратете се на следните телефони 02/3296-330 или  на маил help24@halkbank.mk.
  • Проверете ја валидноста на вашата картичка. Кога картичката истекува Банката автоматски реиздава нова. Реиздадената картичка можете да ја подигнете на крај на месецот кога предходната ви истекува.
  • Внимавајте на сигурноста на Вашата кредитна картичка. Не ја експонирајте на места од каде би можела да биде украдена и не ја давајте на други лица.
  • Доколку трипати го погрешите пин кодот, Вашата кредитна картичка ќе ви биде одземена. За повторно нејзино подигање, ве молиме обратете се во Банка.
  • При користење на банкомат, доколку не ја повлечете готовината или картичката во период од 20 секунди , банкоматот поради безбедносни причини ќе ги повлече назад.
  • Чувајте ги извештаите од банкоматите и споредете ги со фактурата добиена од Банка. Доколку некој износ не е точен или постои сомнеж, ве молиме веднаш известете ја Банката .
  • Вршете проверка на потврдите од реализираните трансакции и износите на ПОС терминалите кои ги користете за плаќање со цел да се потврдите за трансакцијата која ќе следи. 

Интернет плаќања - купувајте кај трговци за кои имате информација дека постојат.

Не внесувајте податок за ПИН-от. Осигурајте се дека податоците внесени од Вашата картичка се заштитени пред вршење на трансакцијата.

Во левиот агол на web страната би требало да постои симбол lock или caps lock што потврдува дека страницата е безбедна. Секогаш читајте ја Процедурата за испорака на web страницата каде што вршите интернет плаќање.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.