05.12.2017

Нова мобилна апликација за електронско банкарство

Почитувани Клиенти,

Халкбанк АД Скопје продолжува со унапредување на услугите со цел задоволување на Вашите секојдневни потреби.

Со задоволство Ве информираме дека на ден 05.12.2017 година извршена е надградба на апликацијата за електронско банкарство за физички лица.

За полесно користење дополнети се старите и воведени се нови функционалности.

    

Уживајте во новите функционалности на мобилното банкарство:

  • нов дизајн со јавен дел од апликацијата со функционалности кои не бараат најава на корисник : Kурсна листа, Најблиски банкомати/филијали, Контакт
  • Преглед на резервации (трансакции со картичка кои сеуште не се прокнижени. Тие се одразуваат на расположливото салдо, но не се прикажуваат во прегледот на промет до нивна конечна реализација)
  • Преглед на извршени плаќања со можност за нивно повторување
  • Можност за уплата на отворен депозит
  • Плаќање на долг на кредитна картичка
  • Подобрен приказ и навигација до најблиските банкомати и филијали на Халкбанк, АД Скопје

Новата апликација можете да ја превземете преку најава на постоечката, при што ќе Ви биде прикажан линк за превземање.

Апликацијата може да се користи на табели и мобилни уреди  iOS и Android оперативен систем. Можете да ја превземете од App Store за IOS уреди или од PlayStore за андроид уреди.

  

Доколку не сте корисник на електронско банкарство аплицирајте во најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје  и искористете го  промотивниот период за аплицирање до 31.01.2018година без надомест.

Ви  Благодариме на соработката.

Со почит,
Ваша Халкбанк АД Скопје 

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.