01.10.2018

СКОКНИ ВО ХАЛКВАНТУРА

Нова голема наградна игра на Халкбанк!

Почитувани клиенти,

Со големо задоволство Ве известуваме дека од 01.10.2018 започна големата наградна игра „Скокни во Халквантура“, а истата ќе трае сѐ до 31.12.2018 година.

Главната награда е автомобилот JEEP Compass, а сите заинтересирани лица имаат можност да се вклучат во трката со исполнување на следните услови:

1. Да имате направено вкупно 10 трансакции со Вашите дебитни или кредитни Mastercard Халкбанк картички за физички лица.

2. Да бидете активен корисник на уште минимум 2 различни типови на производ или услуга од долунаведените:

  • Плата/Пензија
  • Дозволено пречекорување на трансакциска сметка
  • Кредити
  • Депозити
  • Полиса за осигурување
  • Електронско банкарство
  • СМС Инфо

3. Да пополните изјава за согласност преку официјалната WEB страна на Халкбанк А.Д.

Покрај главната награда, со исполнување на условите влегувате и во трка за 5 вредносни ваучери од 10.000 денари.

Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на ХАЛКБАНК АД Скопје и истовремено ги исполнуваат горенаведените услови.

Правилата на наградната игра можете да ги погледнете на линкот.

Грабни компас, освој џип и СКОКНИ ВО ХАЛКВАНТУРА!

Со почит,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.