14.09.2017

“Вози Мини со 3 дисциплини! “ – Голема Наградна Игра на Халкбанк 

Почитувани,

Со големо задоволство би сакале да Ви ја најавиме големата Наградна игра на Халкбанк АД Скопје  која започнува на 15.09.2017 и ќе  трае до крајот на месец ноември оваа година.


Од 15ти септември имате можност да се вклучите во трката за главната награда MINI ONE автомобил и други вредни награди. 

Право на учество имаат клиентите на Банката кои се корисници  на сите три производи на ХАЛКБАНК АД Скопје:

  • MasterCard  Debit Contactless дебитна платежна картичка
  • Услуга електронско банкарство  ( без надомест до крајот на 31.01.2018)
  • СМС инфо услуга ( без надомест до крајот на 31.01.2018)

За оние кои веќе ги користат сите три горенаведени производи на Халкбанк,  се што треба да направат е да поминат во било која филијала на Халкбанк и да пополнат Изјава за согласност за учество во наградната игра  со која станувате потенцијален добитник на Мини Оне или некоја од останатите награди (Iphone 7 , Samsung таблети ) .

Доколку не сте корисник на некој од горенаведените производи/услуги имате можност да аплицирате за истите во било која филијала на Халкбанк, истовремено пополнувајќи ја и Изјавата за согласност за учество во Наградната Игра најдоцна до 30.11.2017.

Со пакетот од овие три производи/услуги  Халкбанк не само што Ви го нуди најдоброто од банкарството и најновите дигитални трендови, олеснувајќи и забрзувајќи го времето  за вршење на банкарските активности со највисоко ниво на сигурност на трансакциите , туку и за истото Ве наградува.

Искористете ги овие 3 “дисциплини“ на Халкбанк и стигнете до целта на која Ве чека MINI ONE автомобилот и други вредни награди.

“Вози Мини со 3 дисциплини!  

Со почит,

Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.