Општи информации

Халкбанк АД Скопје за прв пат нуди кредит со животно осигурување за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери. Кредитот можете да го користите како долгорочен ненаменски кредит исто, така овој тип на кредит може да го користите за ликвидирање на целата кредитната изложеност на друго лице од вашата фамилија. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на нереќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Предности

Кредитот кој го нуди Халкбанк АД Скопје е со поволна каматна стапка, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Услови за кредит

  • Износ: до 200.000,00 ЕУР
  • Максимален рок: до 240 месеци 
  • Кредитна способност: согласно месечните примања
  • Камата:
    • 6,00% фиксни пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор, но не пониска од 6,00% (СВТ  6,24%)
  • Провизија за обработка на кредитот: 0,50% еднократно од износост на кредитот
  • Трошоци за кредитот:
    • 350,00 мкд  - проверка во Кредитно биро  (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на осигурителното друштво
    • 150 мкд - апликација за кредит,
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
    Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
    Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
    Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист. 
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

Често поставувани прашања

Постои ли можност за кокредитобарател кај хипотекарниот кредит?

Има можност да  се вклучи кокредитобарател кој треба да биде  во редовен работен однос во ЈА, АД и финансиски институции како и во добра бонитетна приватна фирма која е прифатлива за Халк Банка АД Скопје.

Колкава е сумата на полисата?

Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на осигурителното друштво. Полисата се плаќа еднократно пред исплата на кредитот.

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.