Вози Мини со 3 дисциплини

Со големо задоволство би сакале да Ви ја најавиме големата Наградна игра на Халкбанк АД Скопје  која започнува на 15.09.2017 и ќе трае до крајот на месец ноември оваа година.

Од 15ти септември имате можност да се вклучите во трката за главната награда MINI ONE автомобил и други вредни награди. 

Право на учество имаат клиентите на Банката кои се корисници  на сите три производи на ХАЛКБАНК АД Скопје:

  • MasterCard  Debit Contactless дебитна платежна картичка
  • Услуга електронско банкарство  ( без надомест до крајот на 31.01.2018)
  • СМС инфо услуга ( без надомест до крајот на 31.01.2018) 

За оние кои веќе ги користат сите три горенаведени производи на Халкбанк,  се што треба да направат е да поминат во било која филијала на Халкбанк и да пополнат Изјава за согласност за учество во наградната игра  со која станувате потенцијален добитник на Мини Оне или некоја од останатите награди (Iphone 7, Samsung таблети).

Доколку не сте корисник на некој од горенаведените производи/услуги имате можност да аплицирате за истите во било која филијала на Халкбанк, истовремено пополнувајќи ја и Изјавата за согласност за учество во Наградната Игра најдоцна до 30.11.2017.

Со пакетот од овие три производи/услуги Халкбанк не само што Ви го нуди најдоброто од банкарството и најновите дигитални трендови, олеснувајќи и забрзувајќи го времето за вршење на банкарските активности со највисоко ниво на сигурност на трансакциите, туку и за истото Ве наградува.

Искористете ги овие 3 “дисциплини“ на Халкбанк и стигнете до целта на која Ве чека MINI ONE автомобилот и други вредни награди.

“Вози Мини со 3 дисциплини!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.