Општи информации

Искористете ја предноста на идеалните услови за потрошувачки кредит прилагоден на вашите потреби наменет за членовите на СОНК. Со овој производ, во нашата најблиска филијала побарајте го службеникот за кредитирање за финансиски совети при избор на производот кој се вклопува со вашите можности и потреби. Халкбанк АД Скопје за членовите на СОНК нуди атрактивна фиксна каматна стапка за првата година, можност за зголемување на износот на кредитот, доколку е потребно, можност за одобрување на нов кредит по завршување на периодот на отплата на претходниот.

Предности

Халкбанк ви нуди атрактивни каматни стапки во текот на целиот рок на отплата на кредитот, погоден за постоечките клиенти како и за сите идни клиенти.

Услови за кредит

  • Износ: до 750.000 МКД
  • Максимален рок: до 95 месеци
  • Каматна стапка: 5,70% фиксна за првите две години, за остатокот на периодот 7,6% променлива (референтната каматна стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 3,75% зголемена за 3,85%) (СВТ 7,36%)
  • Провизија за обработка на кредитот: 1,50%  еднократно при одобрување
  • Трошоци за кредитот: 200,00 МКД  (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), меничен бланкет и нотарска заверка на меница по одлука на К.О
  • Кредитна способност: согласно месечните примања
  • Обезбедување: без жиранти

Често поставувани прашања

Кои се поволностите од овој тип на кредит?

Почитувани, Во соработка со синдикатот на СОНК направивме одлични услови за Вас, со каматна стапка од 6,3%, кредитна способност од ½ од Вашите примања, пониски трошоци за обработка на кредитот, флексибилност во обезбедувањето и брзина во исплата на кредитот. Доколку имате потреба од поголем износ на кредит со кој ке се направи рефинансирање на Вашата кредитна изложеност во другите банки како и на вашата фамилија би можеле да ги погледнете условите на нашиот Хипотекарен кредит

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.