Услови за кредит
Услови за кредит
- Износ: до 300.000 ЕУР
- Максимален рок: до 300 месеци
- Каматна стапка со плата/пензија во Халкбанк:
- 3,5% фиксна каматна стапка за првите 3 месеци,
- 5.5 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот од периодот (СВТ 5,85%)
- Провизија за обработка на кредитот: 1% од износот на кредитот, еднократно однапред.
- Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
- 1000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот
(Клиентот склучува Договорот за повеќегодишно осигурување со осигурителното друштво. Осигурената сума е дефинирана во полисата)
- Надомест за предвремена отплата на кредит:
За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
- Трошоци за кредитот: 350 МКД (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150 мкд апликација за кредит меничен бланкет, нотарски трошоци по нотарска тарифа како и трошоци за проценка согласно тарифникот на банката.
- Кредитна способност: до 1/2 од вкупните месечни примања со можност на кокредитобарател во зависност од вкупните месечни примања
- Обезбедување: Хипотека на недвижен имот во вредност до 1:1,3 од износот на кредитот, меница и менична изјава, со можност на кокредитобарател.
* 5,85 % СВТ за износ на кредит од 50.000еур, каматна стапка 3,5% фиксна каматна стапка за првите 3 месеци, променлива од 5.5 пп + 6месечен еурибор за остаток од периодот, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 150 МКД, трошок за проверка во МКБ 350 МКД и трошок за полиса од незгода 1000 МКД.
** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.