ХАЛКБАНК Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.)
Со својата глобална визија, Халкбанк Турција ги нуди своите услуги на клиентите преку 1000 домашни филијали, 6 надворешни филијали, 3 претставништва во странство, 4,051 банкомати, телефонски и интернет канали, апликации за мобилно банкарство, иновативни производи и услуги. Халкбанк е основана во 1938 година со цел поддршка на занаетчии и трговци и забрзување на економскиот развој на земјата. Основната деловна стратегија на Халкбанк не е променета во текот на нејзината 82-годишна историја. Халкбанк го гледа секој занаетчија, земјоделец и сопственик на мало, средно или големо претпријатие што создава вредност и генерира вработување како деловен партнер. Банката цврсто верува дека има одговорност да ги поддржува овие економски производители со целата своја финансиска можност, и во добри или во лоши денови. Алоцирање 39,5% од вкупното кредитно портфолио на Банката кон малите и средни претпријатија, Халкбанк продолжува да биде нивниот примарен поддржувач во Турција. Иновативните производи и услуги на Банката им овозможуваат на клиентите уникатно банкарско искуство. Халкбанк е рангирана меѓу најефикасните банки во овој сектор, во однос на повратот на капиталот. Главниот контролен акционер на Банката е Turkey Wealth Fund со сопственички удел од 51,10604%. Халкбанк е стабилно растечка институција која се рангира меѓу најдолго етаблираните, пионерски и најценетите брендови во Турција.
Позиционирање и корпоративни вредности на
ХАЛКБАНК:
- Трета најголема банка во поглед на вкупни средства, втора најголема банка во поглед на вкупни кредити и вкупни депозити,
- Трета најголема банка во поглед на најразвиена мрежа на филијали и вработени, со најмалку една филијала во секој град во Турција,
- Силна и стабилна база на депозити,
- Ефективни алтернативни канали на дистрибуција,
- Широко распространета база на клиенти,
- Стабилно позиционирање во сите домени на банкарството
употребувајќи успешни банкарски практики,
- Силна капитализација,
- Национален и интернационален кредибилитет,
- Лидер во банкарски услуги за мали и средни претпријатија,
- Долготрајна традиција,
- Препознатлив и почитуван бренд,
- Широк спектар на специјално дизајнирани производи.
www.halkbank.com.tr
Со
својата глобална визија, Халкбанк Турција
ги нуди своите услуги на клиентите преку
1000 домашни филијали,
6 надворешни филијали, 3 претставништва во странство, 4,051
банкомати, телефонски и интернет канали, апликации за мобилно банкарство,
иновативни производи и услуги. Халкбанк е основана во 1938 година со цел
поддршка на занаетчии и трговци и забрзување на економскиот развој на земјата.
Основната деловна стратегија на Халкбанк не е променета во текот на нејзината
82-годишна историја. Халкбанк го гледа секој занаетчија, земјоделец и
сопственик на мало, средно или големо претпријатие што создава вредност и
генерира вработување како деловен партнер. Банката цврсто верува дека има
одговорност да ги поддржува овие економски производители со целата своја финансиска
можност, и во добри или во лоши денови. Алоцирање 39,5% од вкупното кредитно портфолио на Банката
кон малите и средни претпријатија, Халкбанк продолжува да биде нивниот примарен
поддржувач во Турција. Иновативните производи и услуги на Банката им овозможуваат
на клиентите уникатно банкарско искуство. Халкбанк е рангирана меѓу
најефикасните банки во овој сектор, во однос на повратот на капиталот. Главниот контролен акционер на Банката е Turkey Wealth Fund со
сопственички удел од 51,10604%. Халкбанк е стабилно растечка институција која
се рангира меѓу најдолго етаблираните, пионерски и најценетите брендови во
Турција.