Општи информации

Општи информации

Халкбанк АД Скопје за прв пат нуди кредит со животно осигурување за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери. Кредитот можете да го користите како долгорочен ненаменски кредит, исто така овој тип на кредит може да го користите за ликвидирање на целата кредитната изложеност на друго лице од вашата фамилија. Осигурителната полиса издадена од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје овозможува заштита на Вашиот имот од последица на нереќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Халкбанк АД Скопје е лиценциран застапник за продавање на полиси за животно осигурување од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.

Предности

Предности

Кредитот кој го нуди Халкбанк АД Скопје е со поволна каматна стапка, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Услови за кредит

Услови за кредит

  • Износ: до 200.000,00 ЕУР
  • Максимален рок: до 240 месеци 
  • Кредитна способност: согласно месечните примања
  • Каматна стапка со плата/пензија во Халкбанк:
    • 5,25 процентни поени  + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за 1 година
    • 5,75 процентни поени  + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот од периодот. (СВТ 5,78%)
  • Каматна стапка без плата во Халкбанк:
    • 6,00 процентни поени  + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за 1 година
    • 6,50 процентни поени  + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот од периодот. (СВТ 6,57%)
  • Провизија за обработка на кредитот: 0,50% еднократно од износот на кредитот.

* Промотивно: 0% провизија за обработка на кредитот до 15.12.2019

  • Трошоци за кредитот:
    • 350,00 мкд  - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.
    • 150 мкд - апликација за кредит,
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
    Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
    Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
    Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот во вредност до 1:1,3, меница и менична изјава.

* 5,78% СВТ за износ на кредит од 50.000еур,за приматели на плата/пензија, каматна стапка променлива од 5,25пп + 6месечен еурибор за 1 година и 5,75пп + 6месечен еурибор за остаток од периодот, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 350 МКД

** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ  и висината на договорната каматна стапка.

*** полисата не влегува во пресметката за СВТ

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Постои ли можност за кокредитобарател кај хипотекарниот кредит?

Постои можност да се вклучи кокредитобарател кој треба да биде во редовен работен однос во ЈА, АД или финансискa институција, илиприватна компанија што е прифатлива за Халк банка АД Скопје.

Колкава е сумата на полисата?

Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на осигурителното друштво. Полисата се плаќа еднократно пред исплата на кредитот.

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.