Надзорен одбор

Членови на надзорен одбор

1. ОСМАН АРСЛАН

2. ИЛХАН БОЛУКБАШ

3. ОЛЏАЈ АТЛИОГЛУ

4. ХАСАН ГОКХАН КИЛИЧ

5. ФАТИХ ШАХБАЗ

6. БОРИС ПЕТРОВСКИ

7. БИЛЈАНА АНГЕЛОВА

Управен одбор

Управен одбор

Др. Билал Суџубаши - Главен Извршен Директор

Др. Билал Суџубаши е роден во 1972 година во Даренде, Малатја.  По дипломирањето на Факултетот за економски и административни науки при Универзитетот Ерџијес своето образование го продолжува на Одделот за бизнис, менаџмент и организација при Универзитетот Инону во Малатја. Има завршено магистерски и докторски студии. Својата професионална кариера ја започнува како учител во Даренде, а потоа стажира во Советништвото за финансии во Малатја. Во текот на својата кариера работи како службеник во Филијалата на Халкбанк во Даренде, како Заменик раководител на Дирекцијата за организација, Директор на филијалата во Аксарај/ Ортаќој, Директор на Секторот за маркетинг за физички лица во Регионалниот координативен центар Дијарбакир, Директор на Секторот за корпоративен маркетинг, Директор на комерцијалната филијала во Мерсин и Директор на Секторот  за корпоративен маркетинг во Халк Банкаси А.Ш. Турција. Од 26.12.2017 година, Др. Суџубаши ја извршува должноста Претседател на Управниот одбор на Халк Банка АД Скопје.

Турхан Адеми - Извршен Директор

По дипломирањето на катедрата за финансии, сметководство и банкарството на Економскиот факултет во Скопје, г. Адеми во 1986 година ја започнува својата кариера во подружницата на ЈИК Банка во Скопје, во Одделот за кредитирање и ликвидност. Неговата професионална кариера оди по нагорна линија започнувајќи од 1994 година кога тој е активен во ИК Банка АД Скопје, каде што во периодот од 1994 до 1999 година добива различни позиции како Директор на одделот за Кредитирање, трезор и ликвидност, Директор на одделот за Брокерство, како и В.Д. Директор на Филијалата на ИК Банка во Битола. Важен момент во овој период е неговата позиција на В.Д. Генерален Директор на ИК Банка од 1995 до 1996 година. Друга пресвртница во растечката кариера на г. Адеми е позицијата на Заменик Директор на Зираат Банка АД Скопје од 1999 до 2001 година. По краток период, во март 2001 година е унапреден во Генерален Директор на Зираат Банка АД Скопје, позиција која помеѓу другите одговорности, вклучува и членување во Одборот за управување со ризици. По успешното преземање на Зираат Банка АД Скопје од страна на Халк банка АД Скопје, следниот професионален предизвик и одговорност на г-дин Адеми е позицијата на Извршен Директор и член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје. Во периодот Јуни 2016 – Декември 2017 г.Адеми ја вршеше функцијата В.Д.Главен Извршен Директор на Халк Банка АД Скопје.

Г.Адеми како Извршен Директор е надлежен за Секторот за човечки ресурси и организација, Секторот за кредитирање и Секторот за средства, ликвидност и меѓународно банкарство.

Букет Геречџи - Извршен Директор

Професионалната кариера на г-ѓата Букет Геречџи започнува со работен ангажман во Гаранти Банкаси А.Ш. Турција во 1990 година, непосредно по завршувањето на формалното образование и стекнување со Диплома од Универзитетот во Анкара – Факултет за политички науки, на Одделот за Меѓународни односи во 1989 година. По изминати пет години во работен однос во Гаранти Банкаси, г-ѓата Геречџи во 1995 година добива можност за понатамошен професионален и кариерен развој во друга финансиска институција во Турција - Топрак Банк. Овој работен ангажман трае до 1997 година, кога е назначена како Директор на филијалата во Газиантеп, при Финанс Банк А.Ш. Во 2002 година, таа е пред нов професионален предизвик, во рамките на Асја Катилим Банкаси А.Ш., а во 2008 во истата институција е назначена и како Заменик Генерален Директор и Одговорно лице за Операции (COO). Од 2011 година, продолжува како Главен финансиски директор во друга компанија, дел од нафтената индустрија во Турција. Г-ѓа Букет Геречџи станува дел од семејството Халкбанк на 15.09.2014 година, ангажирана како консултант во Банката. На 04.03.2015 година по официјално одобрување од Народната банка на Република Македонија, г-ѓа Букет го продолжува својот ангажман во Халкбанк А.Д Скопје како член на Управниот одбор на Банката и извршен директор.

Како извршен директор, г-ѓа Букет Геречи е одговорна за Секторот за маркетинг и Секторот за операции и информациски системи.

Томче Тасевски - Извршен Директор

Г-дин Тасевски е дипломиран економист во областа банкарски менаџмент на Економскиот Факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата кариера во банкарството трае 26 години, а започна во 1990 година во Љубљанска банка како референт за кредитирање на мали и средни претпријатија. За време на неговата кариера работел во три банки во Македонија и една Меѓународна финансиска институција - Opportunity International, на позициите како менаџер за односи со клиенти, Главен директор за кредитирање и Заменик генерален директор, соодветно. Од 2002 година, тој работи во Халкбанк АД Скопје (порано позната како Извозна и Кредитна банка) на позицијата Оперативен директор и Директор на корпоративен сектор. Во 2009 година, г. Тасевски е унапреден како Извршен директор и член на Управниот одбор. Од 2011 година, тој е претседател на Комитетот за управување со ризици. Покрај тоа, тој е член на АЛКО и кредитен комитет. Во моментов, г. Тасевски останува на позицијата Извршен директор во Извршниот одбор на Халкбанк АД Скопје. Тој раководи со разни проекти и постигнати цели и планови во подобрувањето на процесите на кредитирање, развојот на мрежата и управувањето со ризиците. Тој има активни улоги во повеќе од 20 специјализации во Германија, Италија, В. Британија и Далечниот Исток. Тој е награден со Специјален сертификат од страна на Bankakademie International Frankfurt во областа на управувањето со кредитирање на Микро и мали претпријатија. Г-дин Тасевски, како експерт, беше панелист и активен член на неколку годишни состаноци и конференции, како што се, Пленарната сесија на МФИ во Будимпешта на тема „Учиме кредитирање заедно“, Годишната конференција на ЕФСЕ на сопствена тема „Станбени кредити“ и Годишна конференција на ГГФ на тема „Зелени проекти“. Во периодот 1998-2010 година тој е член на Одборот на доверители во Фондацијата за развој на претпријатија во Македонија и постигна позитивни и успешни резултати поддржувајќи start-up проекти, микро бизниси и претприемништво во руралните региони.

Како извршен директор, г-дин Тасевски е одговорен за Сектор за наплата на ризични побарувања, правни работи и сигурност на информативните системи и Сектор за финансиско управување и планирање, Дирекција за внатрешна контрола, Дирекција за управување со ризици и Дирекција за усогласеност со прописи и СППиФТ.

Организациска шема

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.