Општи информации

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити обезбедени со полиса за животно осигурување за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери. Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа и купување на деловен простор како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Предности

Предности

Кредитот обезбеден со животно осигурување кој го нуди Халкбанк АД е со фиксна каматна стапка за првите 5 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, БЕЗ трошоци за проценка, БЕЗ трошоци за за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Услови за кредит

Услови за кредит

  • Износ: до 200.000,00 ЕУР
  • Максимален рок: до 360 месеци 
  • Кредитна способност: до 1/2 од месечни примања (со можност за  кокредитобаратели).
  • Камата:
    • 3,40% фиксна годишна каматна стапка за првите 3 години,
    • 4,40% фискна годишна каматна стапка за наредни 2 години,
    • 5,40 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот, но не пониско од 5,40% (СВТ 4,90%)

*полисата не влегува во пресметката за СВТ

  • Провизија за обработка на кредитот: 0%
  • Без трошоци за проценка
  • Трошоци за кредитот:
    • 200,00 мкд  - проверка во Кредитно биро  (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на осигурителното друштво
    • 150 мкд - апликација за кредит,
    • Меничен бланкет
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ,  доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
    Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
    Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
    Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист. 
  • Учество: минимум 15% учество
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

* 4,90% СВТ за износ на кредит од 50.000еур, каматна стапка променлива од 5,40%, рок на отплата 360месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 200 МКД

** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ  и висината на договорната каматна стапка.

*** полисата не влегува во пресметката за СВТ

Прашања

Често поставувани прашања

Колкава е сумата на полисата?

Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на осигурителното друштво. Полисата се плаќа еднократно пред исплата на кредитот.

За што може да се користи кредитот?

Станбениот кредит може да се користи за купување на нов стан, купување на куќа и деловен простор како и за рефинансирање на постоечки кредит во други банки.

Калкулатор

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.