Карактеристики

Настојувајќи да се обезбеди висок квалитет на сервисот за Е-банкарство, и да се биде во чекор со модерните трендови, Халкбанк АД Скопје Ви нуди бројни поволности во тој дел. Генерално, сервисот нуди многу повеќе информации за разлика од она што би го добиле доколку посетите банка и тоа на многу едноставен и брз начин. Вашето е-банкарство дозволува  вршење трансакции од било каде.                                                                                                                          

Предности

  • Можност за проверка на состојбите на Вашите сметки, кредитни картички, депозити, кредити 
  • Изводи од Вашите сметки 
  • Дневни трансакции
  • Реализирани трансакции за одреден период
  • Сите типови на плаќања - денарски, девизни како и креирање на шаблони 
  • Сите останати работи кои би ги направиле во Банка

Преку Електронското банкарство може потполно да менаџирате со Вашите сметки

 

 

Често поставувани прашања

Како може да аплицирам за е-банкарство?

Потребно е да се аплицира преку официјалната страна на Халкбанк АД на следниов линк https://registration.halkbank.mk/. Штом Вашето барање се реализира, ќе бидете известени како би можеле да си го подигнете корисничкото име, лозинката за најава и или/сертификатот за е-банкарство. Потоа ќе треба да се најавите исто преку официјалната страна на Халкбанк АД и веднаш да ја промените првичната лозинка (внимавајте, при три неуспешни обиди за најава, апликацијата од безбедносни причини се заклучува половина час)

Каква документација е потребна?

  1. Пријава за користење на електронско банкарство

  2. Договор за електронско банкарство

  3. Потврда за примопредавање 

Дали е потребен токен и колку чини истиот?

Сертификат за електронско банкарство е потребен само доколку сакате да вршите плаќања електронски. Тарифата за сервисот електронско банкарство можете да ја пронајдете на нашата web страна.

Каде може да се најде Корисничко Упатство за сервисот е-банкарство?

Сите корисници на електронско банкарство може да погледнат детално Упатство за користење на апликацијата веднаш штом се најават преку копчето помош.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.