Општи информации

Халкбанк АД Скопје за прв пат нуди потрошувачки ненаменски кредит со животно осигурување за сите клиенти. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Предности

За овој тип на клиенти Халкбанк АД Скопје нуди фиксна каматна стапка за првите 2 години со рок на отплата до 120 месеци, БЕЗ трошоци за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација на кредитот. Овој тип на кредит може да се користи за вашите тековни потреби, а исто така и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки.

Услови за кредит

  • Износ: до 1.200.000,00 МКД
  • Максимален рок: до 120 месеци 
  • Кредитна способност: согласно месечните примања
  • Камата: 5,90% фиксна каматна стапка за првите две години, за остатокот на периодот 7,40% варијабилна каматна стапка (референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 3,25% зголемена за 4,15 пп) (СВТ 7,03%)*полисата не влегува во пресемтката за СВТ
  • Провизија за обработка на кредитот: 0%
  • Провизија за предвремена ликвидација: 0%
  • Трошоци за кредитот:
    • 350,00 мкд  - проверка во Кредитно биро  (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на осигурителното друштво
    • 150 мкд - апликација за кредит

* 7,03% СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, каматна стапка променлива од 7,4%, рок на отплата 120 месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 350 МКД

** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ  и висината на договорната каматна стапка.

*** полисата не влегува во пресметката за СВТ

Често поставувани прашања

Колкава е сумата на полисата?

Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на осигурителното друштво. Полисата се плаќа еднократно пред исплата на кредитот.

До која возраст може да се аплицира за кредит со животно осигурување?

Пристапна возраст за апликација за кредит со животно осигурување не постари од 65 години.

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.